Интер Мајами е елиминиран во четвртфиналето на Купот на шампионите во КОНКАКАФ, откако загуби со 3:1 на гостувањето кај мексикански Монтереј.
Лионел Меси и неговите соиграчи требаше да победат на оваа средба за да обезбедат место во следната рунда, откако беа поразени на првиот меч на кој аргентинската ѕвезда не настапи поради повреда.
Меси овојпат беше стартер и имаше една асистенција, но ниту тој ниту Луис Суарез не можеа да им помогнат на „чапјите“ да стигнат до успех. Уште еден поранешен играч на Барселона, Жорди Алба, пак, доби црвен картон во 78. минута при 3:1 за Мексиканците.