Директорот на Интер имал состанок со претставниците на Герет Бејл , разгледувајќи ја можноста да го доведе играчот на Реал Мадрид во Милано. Велшката ѕвезда не е потребен во тимот на Зидан, но се уште има активен договор и Реал никако не може да се реши од него.
Шансите на Бејл да го напушти „Сантијаго Бернабе“ се мали, затоа што фудбалерот нема намера да ја намали својата плата. Тој има договор до 2022 година и добива 15 милиони евра по сезона, што е голем проблем, бидејќи малку клубови можат да си дозволат да ја покријат неговата плата.