Италијанскиот гигант Интер постави нов рекорд во оваа сезона. „Нероазурите” се убедливо први на листата на најпосетен тим во Серија „А”, а само неколку часа пред големиот дуел со Барселона на „Џузепе Меаца”, Интер стана и првиот тим во Италија, кој постигна највисоки приходи од продажба на билети за натпревар во Лигата на шампионите.
На „Твитер“ од Интер се пофалиле со приход на повеќе од 5,8 милиони евра во касата на клубот. Речиси 73.500 гледачи купиле билети за денешната средба, која може да го трасира пласманот на Интер во следната фаза од Лигата на шампионите.
„Со повеќе од 5,8 милиони евра, Интер-Барселона ќе ги донесе највисоките приходи во историјата за еден италијански клуб”, напишаа од клубот.
Така, Интер ги надмина постигнувањата на Рома за продадени билети и приход од 5,2 милиони евра за полуфиналето против Ливерпул.