Претставниците на италијански Интер ќе допатуваат на Островот оваа недела за да ги договорат трансфер условите за ангажманот на напаѓачот на Манчестер Јунајтед, Ромел Лукаку, објавија англиските медиуми.
Засега Интер и Манчестер Ј. не успеаја да се договорат за трансферот на Белгиецот, па „нероаѕурите“ сакаат да ги интензивираат разговорите токму до крајот на неделава.
Јунајтед сака да добие 75 милиони фунти за својот играч, кој има договор до 2022 година. Интер бара некаков попуст, па последните разговори невестија дека преговорите треба да продолжат.