Интер е заинтересиран за дефанзивецот на Парма, Матео Дармиан. Антонио Конте сака да добие дефанзивец доколку Диего Годин го напушти клубот.
Дармиан нема да биде директна замена за Уругваецот, но може да игра на десната страна од одбраната.Интер го купу Годин пред една година од Атлетико Мадрид, но дефанзивецот сака да се врати во Шпанија, пренесува „Газета дело Спорт“.
Конте веќе размислува да ја засили својата одбрана, со тоа што Дармиан заедно со левиот бек на Челзи, Маркос Алонсо се наоѓаат на неговиот список.