Тренерот на фудбалерите на Интер, Симоне Инзаги, вели дека неговите избраници треба да останат фокусирани на трката за Скудетото иако разликата со вториот тим на табелата, Јувентус, е големи 15 бодови.
„Се е во наши раце. Има уште многу до крајот на сезоната и не смееме да се опуштиме. Имаме големо искуство и од нас зависи дали ќе го подигнеме пехарот“ – изјави тренерот на „нероаѕурите“.
Интер утре го чека тешко гостување кај тимот на Болоња кој се бори за место што носи во Лигата на шампионите за наредната сезона.