Тренерот на Интер, Симоне Инзаги, проговори за победата на Интер предводен од него против актуелниот шампион Наполи со 3:0, во средбата од 14. коло од италијанската Серија А. Според италијанскиот тренер, тимот оди во вистинска насока, но се уште не е во својата оптимална форма.
„Тоа беше демонстрација на сила и тимски дух. Кога ќе дојдете во Неапол, очекувате да наидете на проблеми. Имавме специфичен план нашите бекови да играат против нивните, бидејќи колку повеќе го држите Наполи надвор од вашиот шеснаесетник, толку подобро. Имавме проблеми само кога останавме премногу длабоко во својата половина. Сигурен сум дека сега ќе пишуваат дека Интер нема конкуренти, но во средата имавме негатива од 0:3 против Бенфика – и тогаш насловите беа поинакви. Знаеме за тоа, веќе се соочивме и можеме да го очекуваме истото“, изјави Инзаги по мечот со Наполи.