Фудбалската федерација на Република Ирска (ФАИ) му врачи отказ на селекторот Стивен Кени по неуспехот во квалификациите за пласман на ЕП 2024.
Ирска имаше катастрофален настап во квалификациите, во група со Франција, Холандија, Грција и Гибралтар, остварија само две победи над аутсајдерот Гибралтар и доживеаја дури шест порази.
„Управниот одбор и сите во ФАИ сакаат да им се заблагодарат на Стивен Кени и на неговите соработници за работата, професионализмот и посветеноста на работата. На Стивен му посакуваме многу успеси во иднина“, соопшти ФАИ.
Освен Кени, отказ по завршување на квалификациите за ЕП доби и Џани де Бјази кој седеше на клупата на Азербејџан кој беше четврти во групата Ф зад Белгија, Австрија и Шведска.