Холандскиот фудбалски интернационалец, Квинси Промес, го напушти составот на Севилја и се врати во татковината во екипата на Ајакс, потврди холандскиот шампион кој за неговите услуги ќе треба да плати околу 15 милиони евра.
Фудбалерот кој има 27 години се согласил да потпише договор со „копјаниците“ до летото во 2024 година. Промес од 2014 до 2018 година настапуваше во руската Премиер лига во тимот на Спартак Москва а потоа одлучи да се пресели во шпанскиот состав .
Во Севилја одигра 33 натпревари во кои постигнал два гола и направи три асистенции. Промес претходно настапувал за Твенте и за Го Ахед Иглс.