Висенте Ибора се определи да го напушти премиер-лигашот Лестер и да потпише договор до 2023 година со шпанскиот состав Вилјареал, објавија медиумите во Англија.
30-годишниот фудбалер откако пристигна во Премиер лигата од Севилја во 2017 година одигра 37 меча во дресот на „лисиците“. Тој во тековнава сезона има реализирано само 11 меча.
Неговиот нов состав, Вилјареал, игра очајно во шампионатот на Шпанија и со само 17 освоени бодови се наоѓа во опасната зона.