Калин Ивановски ја продолжи серијата победи и утрово во мечот од првото коло на Челинџер 75 турнирот во Јокохама го совлада Зизу Бергс од Белгија со 2-1 во сетови (6:1, 5:7, 6:2) за 2 часа и 10 минути игра. Неговиот денешен ривал е на 152. место на АТП листата и на овој турнир дојде како победник на Челинџерот во Друмондвил, што значи дека е во добра форма.
Во второто коло Ивановски ќе игра против шестиот носител Лука Нарди од Италија (20 год., 118 АТП ранг), кој во првото коло го совлада Јун Сеонг Чунг „среќен губитник“ од Јужна Кореја.