Искусниот фудбалер на Манчестер Јунајтед, Ешли Јанг, може да го напушти клубот во летниот трансфер прозорец и да замине во САД.
Според информациите, следниот тим на 33-годишен фудбалер може да биде ДЦ Јунајтед. Тоа значи дека доколку се договори со составот од Вашингтон, повторно ќе заигра во ист тим со својот поранешен колега од Јунајтед, напаѓачот Вејн Руни.
Јанг на почетокот на својата кариера, ги бранеше боите на Ватфорд и Астон Вила, а од 2011 година игра за Манчестер Јунајтед. Со “црвените ѓаволи”, освои пет трофеи, вклучувајќи ја и титулата во Англија, Купот и Супер Купот на Англија, како и еден трофеј во Лигата на Европа.