Советникот за образование и спорт во кабинетот на Градоначалникот на Општина Кисела Вода, Саше Јовановски, денеска на програмата на Спортско радио 90,3 проговори за спортскиот сегмент во тој дел на градот.
„Со засилено темпо ги реализираме сите предвидени проекти што имаат допирна точка со спортот. Во богатата програма се опфатени професионалните клубови, рекреативците и пред се најмалите возрасни категории преку училишните спортски активности. Планираме да организираме и летен спортски камп во кој ќе има три категории а сите учесници ќе работат со познати спортисти. Досега се пријавија стотина заинтересирани“ – вели Јовановски.
„Несебично вложуваме и во инфраструктурата за спортски активности. Покрај стандардните терени кои се дел од училиштата и може да ги користат сите граѓани, се градат и нови повеќе наменски на различни локации. Со тоа, дефинитивно ќе влијаеме на развојот на физичкото и менталното здравје на сите што гравитираат во нашата општина и сакаат да бидат дел од спортот. Воедно, сакам да го потенцирам дека Кисела Вода деновиве доби и државен шампион во тенис за јуниори до 12 години. Тоа е Андреј Темов, ученик од ООУ Круме Кепески“- нагласи меѓу другото Јовановски во интервјуто за Спортско радио 90,3 ФМ,