Машката јуниорска кошаркарска селекција на Македонија овој викенд го „затвори“ првиот дел од подготовките пред ЕП во Б-дивизијата кое ова лето ќе се одржи од 21 до 30 јули во Португалија.
Денеска нашата селекција се сели во Гевгелија, каде ќе почне со спроведување и на вториот дел од подготовките, со учество и на меѓународниот турнир „Бобан Петковски“. На турнирот ќе настапат четири репрезентации, покрај Македонија и селекциите на Израел, Црна Гора и Грција.