Јувентус планира да се раздели со Миралем Пјаниќ и Сами Кедира во текот на летото, за да направи место за Арон Рамзи и Пол Погба, тврди „Тутоспорт”.
Во последните недели на големо се пишува дека „бјанконерите” веќе се договориле со Велшанецот, кој ќе го засили тимот како слободен агент во текот на летото, кога истекува неговиот договор со Арсенал. Според информациите на Италијанскиот весник сепак во Јувентус не се откажале и од идејата да си ги вратат Пол Погба од Манчестер Јунајтед, кој игра во добра форма по заминувањето на Жозе Мурињо.
За да соберат средства за овие два трансферот, а и уште поважно, за да направат место во составот, од Торино се одлучиле да ги продадат Миралем Пјаниќ и Сами Кедира. Продажбата на Босанецот нема да биде многу тешка, бидејќи има голем интерес за него од многу тимови. Постои дури и можноста да се користи во договорот за повлекување на Погба. 28-годишниот играч од средниот ред неодамна потпиша нов договор до 2023 година. Тој, исто така е интересен за Париз Сен Жермен бидејќи има искуство во Лига 1, каде што играше за Мец и Лион на почетокот на неговата кариера.
Продажбата на Кедера, исто така, не треба да биде особено тешка, но клубот нема да добие многу голем износ за него.