Дефанзивецот на Јувентус Алекс Сандро ќе остане во клубот следната сезона. Според „Калчомеркато“, клубот одлучил да го задржи Бразилецот во своите редови.
„Бјанконерите“ не се во можност да го земат Марсело од Реал Мадрид, па токму тоа е причината што не смеат да ризикуваат и да не го задржат Алекс Сандро.
Овој фудбалер беше баран од Париз Сен Жермен, Челзи и Манчестер Јунајтед. Тој беше подготвен за трансфер минатото лето, но потоа, од Јувентус, одлучија да го задржат во составот, со тоа што Бразилецот ќе потпише нов договор.
Јувентус веќе ја објави продажбата на Хуан Квадрадо во Шангај Шенхуа. Разговорите за Кансело со Манчестер Сити продолжуваат, но засега двата клуба сè уште не можат да се договорат за цената на португалецот.