Италијанскиот шампион Јувентус ќе извади на маса во јануари понуда од 50 милиони евра за левиот бек на Реал (Мадрид) Марсело, тврди весникот „Тутоспорт”.
Еден од најискусите бразилски репрезентативци го бараа од Торино во текот на летото, но на крајот немаше трансфер, бидејќи Флорентино Перес одби да го продаде овој свој фудбалер.
Но, за неколку недели, од Јувентус ќе се обидат повторно за ангажманот на Марсело и се надеваат дека овојпат ќе успеатво сбојата намера. Исто така е можно Кристијано Роналдо, да ги активира своите контакти на „Бернабеу“ за да помогне да се реализира овој трансфер.
Иако не сака да се раздели со Марсело, Флорентино Перес очигледно полека го сфаќа моментот како идеален за да заработи од бразилскио т дефанзивец и тоа една прилично добра сума. Ако таквиот трансфер стане факт, тогаш Алекс Сандро во тој случај ќе биде продаден. Дури е можно да се вклучи во можниот договор за Марсело.