По вчерашната победа на Јувентус на гостувањето кај Фросиноне во натпреварот од 17. коло на италијанската Серија А – 2:1, екипата од Торино стигна до една уба серија, тимот нема пораз веќе 12 меча по ред.
Последен пат Јувентус загуби на официјален натпревар на 23 септември. Ова се случи на натпреварот со Сасуоло во италијанскиот шампионат – 2:4.
Во текот на овие 12 натпревари од сите натпеварувања, тимот од Торино победи тимови како Лече (1:0), Торино (2:0), Милан (1:0), Верона (1:0), Фиорентина (1:0) , Каљари (2:1), Монца (2:1), Наполи (1:0) и Фросиноне (2:1). Избраниците на Масимилијано Алегри ремизираа и со Аталанта (0:0), Интер (1:1) и Џенова (1:1).
Следниот натпревар Јувентус го игра во сабота на 30 декември. Тимот на Алегри на домашен терен ќе се сретне со Рома во рамките на 18. коло од Серија А. Натпреварот ќе се игра од 20:45 часот.