Раководството на Јувентус дало јасни индикации дека не планираат да платат повеќе од 40 милиони евра за напаѓачот на Интер Мауро Икарди.
„Бјанконерите” имаат интерес за Аргентинецот, кој стана персона нон грата на „Џузепе Меаца“. Икарди не влегува во плановите на новиот тренер Антонио Конте и од клубот најавија дека тој нема да патува со тимот на турнејата во Азија. Јувентус ќе се обиде да ја искористат ситуацијата и да го добие напаѓачот за најниска можна цена.
Понудените од Јувентус 40 милиони евра сепак се за цели 20 милиони помалку од цената што Интер ја има поставено за Икарди. „Нероазурите” дури се подготвени да прифатат понуда со бонуси или размена на играчи. Од Јуве сепак не брзаат да испраќаат официјално предлог, бидејќи знаат дека во Интер сакаат да се ослободат од Икарди што е можно поскоро, за да можат да почнат да му бараат замена. Друга причина во Јувентус што не брзаат со привлекувањето на Икарди е дека во клубот имаат премногу напаѓачи и треба да се разделат со некој од редот на Гонзало Игуаин, Марио Манџукиќ и Мојс Кин пред да донесат некој друг.
Во Торино исто така размислуваат дури и да почекаат и да го земат Икарди дури во текот на летото на 2021 година, кога договорот на Аргентинецот истекува и тој може да биде привлечен како слободен агент.