Дефанзивецот на Јувентус, Меди Бенатија може да го напушти клубот во летниот трансфер прозорец, па оттука „Старата Дама“ е во потрага по ново засилување во дефанзивната линија.
Според весникот „Кориере дело Спорт“, Бенатија најверојатно ќе оди во Франција кај екипата на Олимпик (М), а на негово место во Торино се прави стратегија за доведување на Алесио Ромањоли од Милан.
Како што се очекуваше, во случај „росонерите“ да бидат принудени да го продадат младиот Италијанец за да ја подобрат финансиската ситуација и состојбата со фер-плеј правилата на УЕФА, Јувентус е подготвен да ја плати бараната сума за Ромањоли.