Со победата која ја остварија на синоќешниот натпревар од Серија „А“, фудбалерите на Јувентус успеаа да постават нов рекорд во историјата на клубот.
„Бјанконерите” собраа 31 поен од можни 33 (10 победи и 1 нерешено) по првите 11 кола на Серија „А” – а со тоа го подобрија старт рекорд во шампионатот кој го имаше клубот од Торино досега.
Претходниот рекорд на „Старата Дама” е 30 поени (10 победи и 1 пораз) во сезоната 2005/06.