Ѕвездата на КТМ, Бред Бендер, изјави за – „Corse di Moto“ дека ги сака спринтерските трки во Мото Гран При шампионатот иако повеќето од неговите колеги се против нивното воведување.
„Пилотите се жалат дека го зголемуваат обемот на работа и ризиците од падови и повреди. Вистината е дека спринтовите се физички понапорни од главните неделни трки“ – објасни Бендер.
„Да бидам искрен, претпочитам спринтови бидејќи можам да дотуркам до крај и не морам да се обидувам да ги задржам гумите да траат подолго“ – вели Бендер.