Најдобриот македонски тенисер Калин Ивановски има пад од 4 позиции на најново објавената АТП ранг-листа каде со 145 поени сега се наоѓа на 345.то место.
Тој има и четири поени помалку од претходната недела, но падот на Ивановски на ранг-листата е од причина што тој нема настапи оваа година поради повреда на мускул. Последните информации се дека Ивановски повторно е во тренажен процес и се очекува наскоро повторно да биде дел од турнирите.
Горазд Србљак оваа недела е рангиран на 1069.то место со 10 поени, додека Обрад Марковски е на 1609.то место со 2 поена.
Во конкуренција на двојки Ивановски нема промени – 679.то место со 71 поени. Берг Бугариќ е рангиран на 1353.то место со 16 поени (пад за три места), додека Обрад Марковски е на 1864.то место со 5 поени (скок за две места). Елдин Хусеиновиќ е рангиран на 2134.то место со три поени (пад за шест позиции).