Кошаркарите на Канада го освоија бронзениот медал на Светското првенство откако ја совладаа селекцијата на САД со 127 спрема 118 во продолженија.
Мечот во регуларниот дел заврши 111:111. Во победничкиот тим се издвои Дилон Брукс со 39 поени додека кај САД, Ентони Едвардс имаше 24 кошеви.
Денеска од 14.40 часот ќе биде одиграно и големото финале во кое Србија ќе излезе на мегдан со Германија.