Ленс Строл, нема да ја започне неделната трка во Формула 1 за Големата награда на Сингапур откако доживеа несреќа за време на квалификациите, објави неговиот тим Астон Мартин.
„Тимот мораше да се справи со огромна работа за да го поправи болидот а Ленс сѐ уште има болки по таквиот шок“, се вели во соопштението на британскиот тим.
Строл вчера силно удри во ѕид со полна брзина откорнувајќи голем дел од предниот дел од левата страна на неговиот болид пред да заврши на средината на патеката.