Канадската скијачка Валери Грение е победничка на велеслаломот кој во рамките на Светскиот Куп денес се одржа во Крањска Гора. Грение низ целта во словенечкиот зимски скијачки центар мина со резултат 1:50.51 минута.
Канаѓанката беше за 0,37 секунди побрза од второпласираната швајцарска скијачка Лара Гут Бехрами, додека место на подиумот имаше и за Италијанката Федерика Брињоне која заостануваше 0,51 секунда зад победничката.
Од оние кои се очекуваше многу повеќе, Петра Влхова од Словачка, која водеше по првата трка, на крајот ја заврши како четврта, додека Микаела Шифрин од САД го зазеде деветтото место.
Шифрин и натаму е лидер во генералниот пласман за Светскиот Куп со 929 бодови, Брињоне е втора со 697, а Влхова трета со 622 бода. Во велеслалом Брињоне е лидер со 460 бодови, а зад неа се Гут Бехрами со 445 и Шифрин со 349 бодови. Утре во Крањска Гора се вози слалом во рамките на Светскиот Куп.