Играчот од средниот ред на Челзи Н‘голо Канте официјално потпиша нов петгодишен договор (до 2023 година) со „сините” од Лондон.
Светскиот шампион со Франција пристигна во Лондон во 2016 година, па дури и во својата прва сезона стана шампион во Англија и освои голем број на индивидуални награди во Премиер Лигата. Минатата сезона тој го освои ФА Купот.
„Среќен сум што го продолжувам престојот во Челзи. Ова беа две прекрасни години и сум жеден за уште успеси. Откако пристигнав, се развив како фудбалер, поставив предизвици пред себе и освоив награди, за кои никогаш не сум размислувал. Ми се допаѓа градот, клубот и сум среќен да бидам тука повеќе време”, изјави 27-годишниот играч за веб сајтот на Челзи.
„Ние сме среќни што Н‘Голо потпиша нов договор и ја гледа својата далечна иднина во Челзи. Кога пристигна, знаевме дека доаѓа некој посебен играч”, рече директорот на клубот, Мариана Гарновскаја.