Голманот на Тотенхем , Уго Лорис, на денешната средба со новинарите, изјави дека нијанси ќе го решат утрешното финале со Ливерпул во Лигата на фудбалските шампиони и дека неговиот тим е свесен за тежината на мечот.
„ Игравме многу мечеви во текот на сезонава, победивме на повеќе од нив. Покажавме дека сме добра екипа. Ќе ни треба секој играч. Сите сакаме да победиме и затоа сме подготвени за големиот предизвик”, рече голманот и воедно капитен на Тотенхем, Уго Лорис.
„Не верувам дека тактиката ќе има клучно значење. Ќе победи тој што ќе покаже повеќе. Фудбалот е колективен спорт, кохезијата во еден тим е значајна. Сакаме да напишеме историја за нашиот клуб” заврши Лорис.