Аналитичарот на „Скај Спорт“, Џејми Карагер, вели дека евентуалниот трансфер на Лео Меси во Манчестер Сити е сосема логичен од повеќе аспекти. Ѕвездата на Барса јавно побара да си замине од тимот а сите шпекулации велат дека главен фавоти за неговиот потпис е тимот кој го предводи Пеп Гаврдиола.
„Би сакал да го видам Меси во Премиер лигата. Единствениот клуб во кој може да дојде е Манчестер сити поради поврзаноста со менаџерот (Гвардиола) и финансиската моќ што ја поседува клубот“ – вели Карагер кој не се согласува со мислењата дека „граѓаните“ со Меси во тимот ќе се „прошетаат“ до титулата во Англија.
„Сити навистина ќе биде посилен доколку го ангажира Меси, но, тоа не значи дека без проблеми ќе ја освои титулата“ – потенцираше Карагер.