Вториот капитен на Евертон, Филип Јагјелка, по 12 години поминати на „Гудисон Парк“ ќе го напушти клубот. Договорот на 36-годишниот дефанзивец е истечен и нема да му се обнови.
„Ситуацијата околу мојата иднина не беше јасна бидејќи досега во клубот немаат конечна одлука. За жал, мојот пат во Евертон заврши по 12 фантастични сезони. Имав среќа да одиграм над 380 натпревари и да бидам капитен на тимот цели шест години. Сакам да упатам благодарност до сите со кои сум играл, претседателот и неверојатните фанови “, напишал поранешниот англиски државјанин на социјалната мрежа – „Instagram“.
Јагјелка во неговата последна сезона за Евертон се појави на само седум натпревари. Неговиот состав заврши на осмото место во Премиер Лигата.