Поранешниот играч за врска на Ливерпул, Наби Кеита ќе биде казнет од Вердер затоа што во неделата одбил да игра против Баер Леверкузен.
Тимот од Бремен гостуваше кај Леверкузен и претрпе тежок пораз од 5:0. Натпреварот ќе остане запаметен по тоа што „фармацевтите“ ја освои првата титула во Бундеслигата и тоа на шест кола до крајот.
Кеита потпиша тригодишна соработка со германскиот клуб откако во претходното лето му истече договорот на „Енфилд“.