Англискиот фудбалски репрезентативец, Хари Кејн, кој настапува за германскиот Баерн Минхен, вели дека Премиер-лигата треба да ја врати зимската пауза бидејќи играчите имаат преголем календар со натпревари.
„Би било одлично да се врати зимската пауза во Англија. Го имавме тоа околу две години и мислам дека беше многу добро за фудбалерите“ – вели Кејн.
„Во изминатата година го имав првото искуство на долг зимски распуст. Чувствував дека тоа многу ми помогна да се опоравам во тешкиот период. Веројатно треба да има дискусија за календарот“ – рече напаѓачот.