Напаѓачот на Тотенхем, Хари Кејн има најава дека одлично се опоравува и многу порано од планираното ќе се врати во составот на лондончани.
25-годишниот англиски голгетер бил подложен на медицински преглед, за време на кој се покажа дека има оштетување на лигаментите на скочниот зглоб. Медицинскиот персонал најави дека напаѓачот може да се врати на тренинзи не порано од почетокот на март, но сега стигнуваат нови вести.
„Моето заздравување е добро. Следната недела ќе видиме што ќе покажат новите тестови. Сакам да почнам да вежбам со топката, а потоа ќе видиме како глуждот ќе одговори на тоа“, изјавил Кејн.