Со доаѓањето во Барселона, Кевин Принс Боатенг биможел да се врати и во репрезентацијата на Гана. Шпекулациите почнаа деновиве, откако тој веќе ги одигра и првите минути за каталонците.
Последен пат Боатенг беше дел од селекцијата на Гана во 2014 година, кога се обиде физички да се пресмета со селекторот и беше избркан од националниот тим. Боатенг тогаш физички се обиде да се пресмета и со Сали Мунтари, по што веќе никој не сакаше да го види во репрезентативниот табор.
Од Фудбалската федерација на Гана сооптија дека му порачале на Боатенг дека може да се врати во репрезентацијата, само ако се извини за своето однесување од пред 5 години.