Капитенот на Јувентус Џорџо Киелини објави дека тој и неговите соиграчи во последно време му останале должни на клубот. Јувентус во моментов е само седми во Серија А, откако во синоќа ја совлада Салернитана на гости со 2:0. 37-годишниот дефанзивец призна дека тренерот Масимилијано Алегри успеал да ги мотивира сите со своите зборови пред натпреварот.
„Клубот ни даде толку многу и време е да му се оддолжиме“, изјави Киелини по натпреварот.
„Тренерот не натера да сфатиме што точно се очекува од нас. Игравме напорно и победивме. Мора да бидеме одговорни и да се стремиме да направиме нешто исклучително на теренот“, додаде ветеранот во редовите на Јувентус.