Дефанзивецот на Јувентус и на „аѕурите“, Џорџо Киелини, го заборавил инцидентот со Луис Суарез од Мундијалот во 2014 година кога напаѓачот го гризна на натпреварот меѓу Италија и Уругвај.
Играчот на Барселона за тој инцидент беше драстично казнет со забрана за настап во период од четири месеци.
„По таа случка сме се сретнале на теренот и на мене ми беше интересно бидејќи Суарез е одличен напаѓач и секогаш е огромен предизвик да се игра против него. Јас ќе го разменам дресот со него. Тогашната казна беше премногу ригорозна и му забрануваше да влегува на стадионите. Мислам дека тоа требаше да послужи за пример бидејќи стануваше збор за Светско првенство “, изјави Киелини.