Поранешниот селектор на САД, Јирген Клинсман најверојатно ќе биде новиот селектор на фудблската репрезентација на Еквадор. Според локални извори, договорот е веќе постигнат, се очекува само промоција на германскиот стратег.
Клинсман (54) претходно беше селектор и на германската репрезентација, работеше во Баерн Минхен и репрезентацијата на САД. Од ноември 2016 година Клинсман е надвор од фудбалот и ова е одлична шанса да се врати на тренерската работа.