Француски Ст. Етјен на својата официјална веб-страница го објави заминувањето на тренерот на тимот, Клод Пуел.
Вчера Сент Етјен загуби од Рен на домашен терен со катастрофални 5:0, што беше причина управата веднаш да му врачи отказ на Пуел. Овој пораз беше трет по ред за тимот, со гол-разлика 1:9.
Ст. Етјен е последен во француската Лига 1 со 12 бода од 17 натпревари.
Клод Пуел го презеде тимот во октомври 2019 година, а под негово водство пред две сезони клубот стигна до финалето на Купот на Франција.