Менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп изрази задоволство од претставувањето на неговиот тим до овој момент, но истакна дека тоа не значи ништо повеќе од еден добар почеток, бидејќи е измината само една четвртина од сезоната.
Германецот додаде дека Ливерпул треба да ги покаже целосно своите можности за да успее да го порази тимот на Арсенал во утрешното дерби на „Емирати”.
„Досега се оди добро. Една четвртина од сезоната сепак е ништо. Тоа сеуште е почетокот. Со исклучок на натпреварите со Наполи и Манчестер Сити ние создаваме многу можности за гол. Дури и да не постигнуваме секој пат јас не сум загрижен, барем додека создаваме шанси. Тоа се истите момчиња. Се разбира, во фудбалот секогаш може да има падови на формата, но додека создаваме можности, секогаш ќе имаме шанса да постигнеме гол. Но, јас би се согласил и на 38 победи во годината со 1:0. Арсенал постигна многу голови и одлично се држи во офанзива. Треба да се осигураме дека нема да ни постигнат гол, но тоа ќе биде голем предизвик. Потребни ни се сите наши квалитети за натпревар како овој. Тоа ќе биде навистина интересно. Унаи Емери имаше многу тешка задача да дојде во клубот откако Арсен Венгер, кој работеше таму долго си замина. Тој, сепак направи одлични резултати по тешкиот старт “, рече Клап на денешната прес-конференција.
Менаџерот на Ливерпул додаде дека Џордан Хендерсон и Наби Кеита отпаѓаат и за дуелот на „Емирати”, како и за гостувањето кај Црвена Ѕвезда во Лигата на шампионите.