Менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп, не криел по натпреварот во Белград дека бил многу разочаран од перформансите на тимот и поразот од Црвена Ѕвезда со 0:2. „Црвените“ во голема мера си ја искомплицираа својата ситуација во групата и има шанса да не се пласираат во следната рунда од Лигата на шампионите.
„Им дадовме на нашите ривали многу шанси и тие ги искористиј аи дојдоа до предност. Во второто полувреме доминиравме, но ние не реализиравме ниту една од нашите шанси. Атмосферата на стадионот не беше проблем. Им ја олеснивме работата на играчите на Црвена Ѕвезда со нашите грешки. Домаќините одиграа со голема страст и ја заслужија победата”, рече Клоп.
„Дали ја изгубивме магија која ја имавме од почетокот на сезоната? Да, но само во овој натпревар. Мора да се осигураме дека ова нема да се случи повторно. Сега е премногу рано и немам детално објаснување зошто се случи овој пораз. Едноставно сите сме лути, но веќе е доцна и резултатот е факт”, беше искрен германскиот тренер.
Следниот натпревар на Ливерпул е гостување кај ПСЖ на 28 ноември. На почетокот на групната фаза Ливерпул го победи ПСЖ со 3:2 на „Енфилд”, а сега дуелот ќе биде од клучно значење и за двата тима на патот кон осминафиналето.