Фудбалската асоцијација на Англија започна дисциплинска постапка против тренерот на Ливерпул, Јирген Клоп, поради недолично однесување на вчерашното дерби со Евертон во најсилната конкуренција на Англија.
Стратегот од Германија еуфорично влета на теренот да го прослави победоносниот гол на Ориги во 96 минута за што најверојатно ФА нема да му прогледа низ прсти. Тренерот на „црвените“ треба до четврток да се произнесе за случајот а потоа ФА ќе одлучува дали ќе биде казнет.
Ако се повикаме на слични ситуации од минатото, најверојатно менаџерот на Ливерпул ќе добие одредена суспензија а нема да изненади ако мора да плати и парична казна според строгите правила на ФА.