Менаџерот на фудбалерите на Ливерпул, Јирген Клоп, вели дека е задоволен од играта на вчерашниот меч кај Астон Вила кој заврши 3:3 иако неговиот тим имаше предност од 3-1.
„Игравме многу добар фудбал. Астон Вила почна опасно да напаѓа и често влегуваше во нашиот шеснаесетник. Моравме да направиме корекции но направивме грешки“ – изјави Клоп.
„Црвените“ во последното коло во Премиер-конкуренцијата ќе го пречекаат Вулверхемптон. Тоа ќе биде последниот меч за Германецот на клупата на Ливерпул.