Менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп, беше целосно незадоволен од ремито 1:1 против Наполи во Лигата на шампионите. Во пракса, ова значи дека за „црвените“ сè ќе зависи од последниот натпревар против Салцбург во Австрија и тимот нема право да загуби доколку сака да се квалификува за осминафиналето.
„Искрено, јас воопшто не планирав вакво сценарио. Во оваа екипа сум 4 години и никогаш не било лесно. Ова беше многу тежок натпревар, кој реално можевме да го победиме, но на крајот не успеавме да го сториме тоа и сега треба да одиме во Австрија со надеж за успех. Во моментов, мојот проблем е повредата на Фабињо и натпреварот со Брајтон и јас сè уште не размислувам за Салцбург. Има време до тој натпревар“, вели Германецот.