Клубовите од Премиерлигата ќе одржат уште една видео конференција во петок, а според некои извори можно е потоа да се објави датумот за евентуално рестартирање на првенството.
Утринава се појавија информациии дека англиската фудбалска лига планира да ги продолжи натпреварите за Чемпионшип, Лига 1 и Лига 2 на 6 јуни. Истиот датум веројатно ќе биде објавен како најраниот термин за започнување на натпреварите во Премиер лигата.
За да ги подготват екипите за ова, тие ќе продолжат со тренинзите на 16 мај и ќе имаат тринеделен тренинг. Сезоната, секако, ќе игра со затворени врати. До крајот на сезоната во Премиер Лигата, треба да бидат одиграни 92 натпревари.