Клубовите во Серија А ќе се обидат да најдат заедничко решение за тоа кога ќе можат да продолжат со тренинзи, пишува „Кориере дело Спорт“.
Денеска напладне ќе се одржи состанок на кој ќе се разгледуваат извештаите на докторите од тимовите и ќе се разговара за можните датуми за враќање во процес на тренинг.
Се очекува индивидуалните тренинзи да продолжат на 3 април, а клупските десет дена подоцна.