Поранешниот фудбалски напаѓач на Ливерпул, Стен Колмор, не крие дека е среќен што екипата на Јирген Клоп пред неколку денови загуби на теренот на Ватфорд во натпревар од Премиер лигата. Според него, тоа ќе го тргне товарот од играчите кои досега беа споредувани со шампионите на Арсенал од сезоната 2003/04, кои ја освоија титулата без пораз.
„Сите приказни дека не можат да загубат ќе бидат прекинати. Тоа ќе направи добро за Ливерпул. Мислам дека досегашната ситуација влијаше лошо врз играчите“ – вели Колмор.
Ќе потсетиме дека „црвените“ по дури 44 натпревари во Премиер лигата го претрпеа првиот пораз.