Трансферот на Кристијано Роналдо од Реал Мадрид во Јувентус, му донесе одлична заработка на легендарниот италијански возач во „Moto GP“, Валентино Роси.
Компанијата „VR46“ која е во сопственост на Роси, има задача да ги изработува сите навивачки реквизити на Јувентус кои подоцна можат да се купат од клубот од Торино. Јувентус за само 24 часа од доаѓањето на Португалецот продаде повеќе од половина милион дресови со бројот седум.
Цената на еден дрес изнесува 105 евра што значи дека торинскиот клуб за само 24 часа заработи неверојатни 54 милиони евра.