Фудбалерот на Ливерпул, Ибрахим Конате, кој ја повреди раката на викенд-мечот со Брајтон во Премиер-лигата, ќе може да игра на наредниот меч, велат денешните информации од Англија.
25-годишниот француски репрезентативец тоа го потврди и преку социјалните мрежи. – За среќа, мојата повреда не е сериозна. Направив скен и пнема скршеница. Ќе бидам подготвен , напиша Конате на Инстаграм.
„Црвените“ утре ќе играат со германскиот Баер Леверкузен во Лигата на Шампионите.