Антонио Конте доколку седне на клупата на Наполи, ќе се обиде да го ангажира напаѓачот, Ромелу Лукаку. Двајцата одлично се познаваат бидејќи соработуваа во екипата на Интер.
Корпулентниот голгетер последната сезона ја помина во Рома како позајмен од Челзи. Белгиецот во Серија „А“, постигна 13 голови и направи две асистенции.
Тој треба да биде евентуална замена за Виктор Осимен кој е на излезната врата од стадионот – „Диего Армандо Марадона“.