Интер беше поразен во второто коло од групната фаза во Лигата на шампионите. „Нероазурите“ одиграа добар натпревар на „Камп Ноу“ против Барселона, но на крајот загубија со 1:2, а тренерот Антонио Конте не го криеше своето разочарување.
„Во големи периоди од играта, создадовме многу сериозни проблеми за голем клуб како Барса. Можеби некои од фудбалерите се уморија во второто полувреме, но тоа е разбирливо со оглед на тешкиот ритам што го играме уште од почетокот на сезоната“, рече Конте.
„Сепак, убеден сум дека не заслуживме да изгубиме. Јас сум тажен што изгубивме, но ќе се обидеме да најдеме позитивни работи и од овој натпревар. Разликата во посед на топката не беше проблем, ние едноставно игравме повеќе директен фудбал. Се обидовме да дејствуваме со голема брзина, што го спречи противникот. Секој силен тим никогаш не оди дома среќен по пораз и покрај добрата игра. Имаме еден бод од два натпревари, но мора да продолжиме да работиме и да не се откажуваме од патот што сме го зацртале“, додаде Конте.